63
Жорди Алба
останува верен на Барселона, Шпанецот пронајде заеднички јазик со директорите
за продолжување на соработката.
„Каталонците“
попладнево соопштија дека постигнале согласност со левиот бек за нов договор до
30. јуни 2024, во кој ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра. Барселона во
следните неколку дена ќе го обелодени датумот за церемонијата на која играчот
официјално ќе стави потпис на документите.
Претходно Жорди
Алба беше под договор до 2020 па се говореше дека неколку клубови летоска ќе се
обидат да го примамат репрезентативецот на „црвената фурија“, но очигледно
ваквите најави сега нема да се реализираат.