Озил се понуди да ја покрие платата на „Ганерсаурусот“ откако маскотата на Арсенал остана без работа по 27 години

by
1 минути читање

Синоѓа пристигна
информација дека Арсенал го отпуштил Џери Квај, човекот кој 27 години е маскота
на клубот. „Топчиите“ кратат работни места поради коронавирус кризата, во
следните шест месеци ќе нема публика на трибините, па раководството на клубот
смета дека нема потреба од популарниот „Ганерсаурус“.

Секако, ваквата
одлука ги налути навивачите, кои започнаа акција за собирање средства и враќање
на „Ганерсаурусот“ на стадионот.

Попладнево се
огласи и Месут Озил, името кое најмногу се споменуваше кога беше објавенo за
отказот на „Ганерсаурусот“, со оглед на тоа дека Германецот има неделна плата од
350.000 фунти а не дава никаков допринос.

Плејмејкерот вели
дека е тажен поради вестите за отказот на Џери Квај и се понуди да ја покрива
неговата плата се додека е дел од Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани