175
Озил и дефинитивно заминува од Арсенал, се веруваше дека тоа ќе бидие во САД во екипата на ДС Јунајтед, но работите се менуваат, тој ќе биде ново засилување на Фенербахче.
Во Турција велат дека договорот е веќе постигнат и во наредните денови трансферот ќе биде комплетиран.
Озил ќе потпише три и пол годишен договор, за потписот ќе добие 2,5 милиони евра, а потоа годишната плата ќе му биде 5 милиони евра.
Тој е веќе во Истанбул, а синоќа објави и слика на својот инстаграм профил.