195
Месут нема настап за Арсенал од март, тој е надвор од тимот на Артета, тренерот на топчиите не смета на него.
На Арсенал му оди очајно оваа сезона, па фановите бараат од Артета да го врати Озил во тимот.
Тој на неговиот твитер профил одговараше на прашања, а меѓудругото рече дека сака да може да му помогне на Арсенал.
„Ситуацијата е фрустрирачка за сите. Се разбира дека би сакал да можам да му помогнам на тимот, особено сега но се додека не добивиам шанса, можам само да се надевам дека резултатите наскоро ќе бидат подобри“, вели Озил.