Месут Озил тврди
дека би можел својата кариера да ја заврши во дресот на Арсенал. 30 годишниот
Германец потпиша нов договор со овој клуб во јануари вреден 350,000 фунти
неделна плата, а со истиот има должност да биде верен на тимот од Лондон до
2021. година.
Озил се повлече
од репрезентацијата на Германија изминатото лето, поради една фотографија со
турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по што доби големи критики во
Германија, а тој револтиран од сето тоа, наведе дека повлекувањето е поради
расизам, сепак, тој има импресивни перформанси во Арсенал под кормилото на Унаи
Емери.
„Во фудбалот се’
е можно, среќен сум што играм за
голем клуб како што е Арсенал, уживам во овој клуб и можам само да замислам да
ја завршам кариерата тука“ рече Озил во изјавата за Standard Sport.
„Можеби на 38!
Не, навистина, јас размислувам на оваа тема, доколку се чувствувам добро, би
можел да игра до 35. или 36. година, не знам, доколку се’ биде во ред, ќе видиме“ додаде тој на прашањето
кога би можел да стави точка на својата кариера.