Откриено како Нејмар провоцирал на дуелот со Марсеј: За еден ден заработувам колку што ти заработуваш за цела година!

by
1 минути читање

Нејмар и Алваро Гонзалез се најдоа во центарот на вниманието по крајот на дуелот помеѓу ПСЖ и Марсеј, Бразилецот обвини дека бил навредуван на расна основа. Целиот случај заврши пред дисциплинска комисија, но не беше изречена никаква казна бидејќи немаше конкретни докази.

Алваро Гонзалез сега открива дека тој претрпел голема штета, постојано добива закани поради популарноста на Нејмар,

Дефанзивецот на Марсеј исто така откри како Бразилецот провоцирал во текот на мечот.

„Нејмар ми рече дека за еден ден заработувал колку што јас заработувам за цела година. Тоа е точно, му кажав дека јас сум среќен и задоволен со платата која ја земам“ – вели Алваро Гонзалез.

„Нејмар тој ден постојано провоцираше“.

„Јас не го навредував на расна основа, нема да дозволам да бидам понижен на ваков начин. Повеќе немам почит за Нејмар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани