Откриено е зошто Венгер го стави Санчез на клупа на мечот против Ливерпул

by
1 минути читање

Многумина се прашуваа зошто Санчез е на клупата. Венгер по мечот даде објаснување во кое никој не поверува, рече дека од тактички причини го седнал Алексис на клупата, но медиумите во Англија имаат друга приказна.

Според „Телеграф“, неколку дена пред мечот, Санчез пред време напуштил тренинг, а потоа во соблекувалната се скарал со неколку свои соиграчи. Венгер како дисциплинска мерка одлучил да го стави Санчез на клупата, а за таквиот потег добил поддршка и од дел од своите фудбалери.

Последните однесувања на Санчез само наговестуваат дека тој сигурно ќе ја одбие понудата од Арсенал за продолжување на договорот и во летниот преоден рок ќе замине од Емирати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани