Медиумите од Шпанија откриваат детали од предлогот на Барселона за ангажман на Хулијан Алварез вреден околу 100 милиони евра, „каталонците“ сакале сумата да ја плаќаат шест години, односно 16,6 милиони евра секое лето.
Барселона ова лето го постави Хулијан Алварез како приоритет за засилување на нападот, но наиде на цврст отпор кај Атлетико Мадрид, кој без размислување одби понуда од 100 милиони евра, и порача дека Аргентинецот не е на продажба.
Со оглед на тоа дека ставот на клубот од „Метрополитано“ не се менуваше, Барса ја примени стандардната практика, па Хулијан Алварез оваа недела јавно кажа дека сака да ја промени средината.
Но ова само дополнително го налути Атлетико Мадрид, кој жестоко распали по „каталонците“ и дури се закани со пријава до ФИФА.
Се најавува дека Барселона наскоро ќе понуди 150 милиони евра, колку што неодамна понуди и Реал Мадрид, и останува да се види дали ќе биде направен некаков прогрес.
Во меѓувреме, Онда откри детали од првиот обид на Барселона да го ангажира Хулијан Алварез, понудата е оценета како „смешна“ и не била сериозно сфатена во Мадрид.
Клубот од Камп Ноу предложил трансферот од 100 милиони евра да го плаќа дури шест години, односно секое лето да издвојува по само 16,6 милиони евра.
Атлетико веднаш го отфрлил предлогот, и јасно порачал дека нема намера да преговара под вакви услови.
ФОТО: X/Atlético de Madrid