73
Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус, веќе никој не се сомнева во таа вест, во прашање се само денови кога ќе биде и официјално промовиран.
Италијанските медиуми одат чекор понапред и го откриваат договорот на Сари со италијанскиот шампион.
Сари ќе потпише тригодишен договор со Јувентус, според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.
Јувентус на Челси ќе му плати три милиони евра за да го добие Сари кој во Торино ќе го донесе и својот стручен штаб, Паоло Бертели, Лука Готи и Марко Јани.