Откако неговата девојка се заразила со коронавирус, Кавани размислувал за повлекување од фудбалот пред да потпише за Јунајтед

by
1 минути читање

Кавани треба да биде сериозно засилување во нападот на Манчестер јунајтед, тој ја зема и славната седмица која ја носеа Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Ерик Кантона и Џорџ Бест. Но судбината на Единсон можела да биде поинаква.

„Здравјето на вашата фамилија е на прво место. Се разбира, размислував за повлекување од фудбалот“, вели Кавани.

Страдавме за време на коронавирусот со мојата фамилија и мојата девојка. Вистината е дека беше лошо поради стравот кој беше присутен. Благодарение на Бога се опоравивме добро и еве тука сме сега“.

„Но вистина е, ја разгледував можноста да престанам да играм фудбал и да останам во село, да се посветам на мојот живот во село“.

„Нормално е да се појави анксиозност. Лигите стартуваа, јас сакав да најдам тим, но се појавуваа работи кои не ти дозволуваа да го направиш тоа. Во животот е така, по некогаш колку и да сакаш нешто, ако не ти е дадено да се случи нема да се случи“.

„Деновите поминуваа, гледав дека мојата фамилија, пријателите и сите други сакаа да знаат каде ќе играм. Среќни сме со одлуката која ја донесовме и што ќе го носам овој дрес на Манчестер јунајтед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани