205
Осимен се рехабилитираше од повредата во Антверпен, а наместо да се врати во Наполи, отиде прво во Нигерија каде присуствуваше на забава по повод неговиот роденден.
На забавата имаше стотици луѓе, никој не носеше маска, се пееше, се играше без почитување на ниту една мерка.
Потоа напаѓачот беше тестиран позитивен на ковид-19 и сега е во изолација.
„Жал ми е за тоа што се случи, погрешив што заминав во Нигерија во овој период, иако имам многу луѓе што ги сакам таму, вклучувајќи ги и моите браќа. Погрешив што бев дел од забавата, не ја сфатив сериозноста на тоа што го правам. Му се извинувам на клубот, на тренерот, на тимот и на фановите“, изјави Осимен.