Динамо Загреб трие раце, касата ќе се полни и од прогреост во Лига Европа но и од продажба на фудбалери во летниот преоден рок.
Хрватскиот клуб е шампион на трансфер пазарот, а Оршиќ со хет-трикот значително си ја зголеми цената.
„Тој е најдобар стрелец во тимот во сите натпреварувања три сезони по ред и покрај тоа што не е шпиц, туку е крило“, вели неговиот агент Бранко Хучика за „Калчомеркато“.
„Хет-трикот беше неверојатна сензација, тој беше пресреќен. Вистината е декак игра добро долго време, не заборавајте минатата сезона постигна хет-трик на неговото деби во Лигата на шампионите против Аталанта“.
Оршиќ веќе има играно во Италија, во сезоната 2013-14 тој го носеше дресот на Специја која тогаш играше во Серија Б, но имаше само 11 настапи.
„Италијанското искуство му помогна, иако заслужи да игра повеќе во Специја. Тогаш беше млад, не го знаеше јазикот и требаше да го учи за да ја разбере тактиката на неговиот тим, тоа беа изговорите кои тој ги кажа“.
„Јас сум во контакт со неколку италијански клубови. Тој сега ма 28 години, и не би кажал не на враќање во Италија“.