Тотнем иако важеше за апсолутен фаворит на гостувањето кај Барнли кој сезонава никако да се пронајде себе си, сепак, на избраниците на Жозе Мурињо им беа потребни дури 76. минути игра за да дојдат до водечкиот гол кој на крајот им донесе важни три бода од тоа тешко гостување.
Сигурно дека постојат повеќе мотиви за задоволство кај Мурињо за формата на неговиот тим кој нема пораз во последните 11 меча во сите конкуренции, во кои забележа дури 9 победи, а по синоќешната макотрпна победа, Мурињо ја пренесе атмосферата во соблекувалната каде сите фудбалери „зјапаа“ во нивните мобилни телефони.
„По една голема победа во еден навистина тежок натпревар… Знакот на времињата. Многу добро момци“ напиша Португалецот низ шега во својата објава на социјалните мрежи, алудирајќи на огромната зависност од мобилните телефони и денешната технологија.