Омерагиќ до судиите: Мојот телефон не е тајна, никој не смее да ви прави притисок

by Стефан
1 минути читање

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ оствари средба со судиите и им ги додели ФИФА амблемите на сите интернационални судии.

На средбата Омерагиќ јасно им испрати порака и дека никој не смее да им прави притисок.

„Никој не смее да ви прави притисок. Мојот телефон воопшто не е тајна, сите може да го добиете на многу лесен начин. Било кој и да ви прави притисок или било какви манипулации во мое име, во туѓо име или било какво, можете слободно да ми се јавите во секое време“, изјави Омерагиќ.










Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани