Огромно признание за Бруно Фернандеш од Пол Сколс: Тој е подобар од мене!

by
1 минути читање

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс не штеди пофалби за Бруно Фернандеш, дури вели дека тој е подобар од него.

Сколс за Манчестер јунајтед одигра 499 натпревари, постигна 107 голови и имаше 55 асистенции. Освои 11 титули во Премиерлигата и два во Лигата на шампионите.

„Тоа што тој го прави е навистина феноменално. Ако видите каков е Јунајтед откако дојде тој, ќе забележите дека тие би биле на врвот од лигата доколку го добијат заостанатиот натпревар, тоа е чудно бидејќи по лошиот старт“, вели Сколс.

„Мислите дека стартот бил лош, а тие се се уште таму и можат да бидат само подобри“.

„Бројките кои ги продуцира Фернандеш се неверојатни, да се надеваме дека ќе продолжи така. Тој е подобар од мене. Поразличен е. Постигнува повеќе голови од мене, креира повеќе шанси од мене“.

„Би сакал да сум можел да играм со него, веројатно зад него би било тоа. Но тој е сензационален и прави голема разлика“.

„Мислам дека пред тој да дојде во тимот, Јунајтед тешко можеше да креира шанси, но сега постигнуваат по три, четири или пет голови на секој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани