Официјално: Стерлинг потпиша нов договор со Сити и стана најплатениот англиски фудбалер

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед и Рахим Стерлинг ја продолжуваат соработката. Неговиот актуелен договор истекуваше во 2020 година, денеска потпиша нов со трајност до 2023.

Според англиските медиуми, неговата неделна плата според новиот договор ќе изнесува 300.000 фунти, а тоа го прави најплатениот англиски фудбалер во моментов.

„Пресреќен сум што потпишав. Мојот развој тука е неверојатен. Уште од првиот момент кога дојдов тука чувствувам дека го направив вистинскиот избор. Навистина се исплатеше тоа за мене, навистина сум благодарен“, вели Стерлинг.

„Секоја година сакате да бидете подобар од претходната и да напредувате. Со условите кои ги имам тука и со тренерите, нема причина тоа да не се случува. Ова е перфетно опкружување за да се развивате и за да станувате подобар“.

Задоволен од продолжувањето на соработката е и директорот Чики Бегиристан.

„Ова е значаен момент за клубот. Рахим напредуваше драматично во изминатите две сезони и сега е еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Премиерлигата. Неговата статистика ја кажува неговата приказна. Тој е брз, силен и одличен пред голот, има се што е потребно за модерен офанзивец. Навистина сме среќни што неговата иднина е во Сити“, вели Бегиристан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани