Официјално: Постекоглу доби отказ од Нотингем откако не победи ниту еднаш во мандатот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Анге Постекоглу доби отказ од Нотингем Форест по поразот од Челси (0-3) на „Сити Граунд“. Австралиецот траеше само 39 дена на клупата, што е најкраток менаџерски мандат во историјата на Премиерлигата.

Поранешниот тренер на Тотенхем не успеа да победи на ниту еден натпревар, во осум меча забележа само две ремија и доживеа шест порази. Форест под негово водство зеде само еден бод во пет лигашки натпревари и се наоѓа на 17. место во Премиер лигата

Нотингем Форест потврдува дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Анге Постекоглу е разрешен од функцијата главен тренер. Клубот нема дополнителни коментари“, се наведува во соопштението.

Нотингем Форест добива трет тренер оваа сезона, бидејќи претходно тимот го водеше Нуно Еспирито Санто. Како можни наследници се споменуваат Марко Силва од Фулам и Шон Дајш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×