Манчестер јунајтед и официјално потврди дека Мајкл Керик останува на клупата како главен тренер, откако потпишал нов договор на две години.
Клубот од „Олд Трафорд“ соопшти дека Керик се обврзал на соработка до 2028 година, со можност договорот да биде продолжен за уште една дополнителна година.
Овој потег доаѓа како награда за добрите резултати и обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, откако тимот под негово водство од јануари играше значително подобро и забележа 11 победи на 16 натпревари.
Според англиските медиуми, преговорите меѓу двете страни поминале без поголеми проблеми, а доцнењето на официјалната објава било поврзано со договорите околу стручниот штаб.
Керик ќе продолжи да работи со своите асистенти Стив Холанд и Џонатан Вудгејт.