Федерико Киеза и
официјално е нов член на италијанскиот првак Јувентус, а младиот Италијанец
доаѓа од редовите на Фиорентина, а иако обата клуба доцнат со оваа информација,
потврдата пристигна од Серија А.
Ниту Јувентус,
ниту Фиорентина до овие моменти се уште го немаат потврдено трансферот, сепак,
истиот тој е потврден од Серија А, каде јасно се гледа дека договорот на Киеза
е веќе регистриран, што значи дека и дефинитивно е постигнат договор.
„Скај Спорт“
пишува дека офанзивното крило се приклучува н јувентус како позајмен фудбалер
со опција за целосен откуп на неговиот договор, а се наведува дека таквата сума
би изнесувала 50 милиони евра.
Во текот на
вчерашниот ден, специјалистот за информации од областа на трансферите, Фабрицио
Романо наведе детали најавувајќи го трансферот на Киеза во Јувентус,
обелоденувајќи дека се работи за 2 милиони евра позајмица за првата година + 8
милиони евра за втората, на крајот опцијата за целосен откуп на договорот да изнесува дополнителни 40 милиони евра.