По неуспехот Милан да се квалификува во Лигата на шампионите за следната сезона, Гатузо го напушта Милан
По вчерашниот состанок со Газидис со взаемна согласност било одлучено Гатузо да си замине. Тој направи и потег со кој уште еднаш ја покажа љубовта кон Милан, се откажа од 90% од обесштетувањето кое можеше да го добие за предвремен раскин на договорот.
„Одлуката да заминам од Милан не беше лесна, но беше одлука која требаше да ја направам“, изјави Гатузо за „Ла Република“.
„Немаше прецизен момент кога дојдов до оваа одлука, тоа беше збир на овие 18 месеци во кои сум тренер на тимот, кој за мене никогаш нема да биде како другите“.
„Имаше месеци во кои живее со голема пасија, незаборавни месеци. Одлуката е болна за мене, но пресметана“.