282
Не поминаа ниту 24 часа откако му врачи отказ, Наполи го промовираше новиот тренер, тоа е Џенаро Гатузо.
„Ова беше лесна одлука. Наполи со години веќе е еден од водечките клубови во Италија и Европа. Поминуваат низ тежок период сега, но најголем дел од фудбалерите, 90 проценти се тип на играчи кои можат да го играат фудбалот кој јас го сакам“, вели Гатузо.
Гатузо беше без работа по разделбата со Милан, а покрај росонерите, беше тренер и на Сион (играч тренер), ОФИ, Палермо и Пиза.