130
Единсон Кавани и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, англискиот клуб вечерва потврди.
„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека потпиша со напаѓачот Единсон Кавани. Уругваецот потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона“, стои во соопштението на клубот.
Кавани ја освојуваше Златната копачка и во Серија А и во француската Лига 1, тој има постигнато 341 гол откако се пресели во Европа, вклучувајќи и 35 во Лигата на шампионите.
„Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот, па вистинска чест ми е што сум тука. Работев навистина напорно за време на паузата и со нетрпение чекам да почнам да го претставувам овој неверојатен клуб“, вели Кавани.