71
Првиот голман на Португалија, Руи Патрисио од следната сезона ќе брани за новиот премиерлигаш, Волверхемптон.
Патрисио е еден од седумината фудбалери на Спортинг Лисабон кои го раскинаа договорот со португалскиот клуб поради нападот на фановите во соблекувалната откако клубот го загуби второто место кое водеше во Лигата на шампионите.
Волвс потврди дека Руи Патрисио ставил потпис на четиригодишен договор со нив и ќе биде нивни прв голман.