Претседателот на Барселона, Бартомеу заедно со останатите членови на бордот денеска си поднесоа оставка, тој не почека фановите да гласаат за негова доверба.
Наскоро треба да бидат закажани избори на кои Барселона ќе добие нов претседател. Дотогаш привремено раководство ќе ги менаџира секојдневните работи во клубот.
Преку 20.000 навивачи на Барселона овој месец потпишаа петиција за оставка на Бартомеу, незадоволството од неговото раководење со клубот постојано растеше.
Бартомеу на чело на Барселона седна во 2014 година кога го наследи Сандро Росел, претходно беше потпретседател во клубот.
По тројната титула со Луис Енрике, Бартомеу во 2015 година доби шестгодишен мандат, но неговата популарност во изминатите години одеше во надолна линија, а кулминацијата се случи сега.