267
19-годишниот дефанзивец кој е француски младински репрезентативец и важи за голем талент, е пратен во Ница каде треба да добие значително поголема минутажа отколку во Арсенал.
„Вилијам Салиба замина во тимот од француската Лига 1, Ница на позајмица до крајот на сезоната. Овој трансфер е со цел 19-годишниот фудбалер да поминува повеќе време на теренот“, стои во соопштението на Арсенал.