2,5K
Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри потпиша тригодишен договор со Монако, клубот во кој ја почна и играчката кариера.
„Со голема гордост среќен сум што можам да соопштам дека ја прифатив позицијата тренер на Монако“, соопшти Анри на својот инстаграм профил.
„Имав среќа да добијам повеќе атрактивни понуди во изминатите неколку месеци, но Монако отсекогаш бил блиску до моето срце. Тука ја почнав мојата фудбалска кариера, и изгледа ми е судбина тука да ја почнам и тренерската кариера“.
„Возбуден сум што ја добив оваа можност, но сега е време да почнеме со напорна работа. Не можам да дочекам“.
Анри соопшти и дека се повлекува од улогата асистент на Роберто Мартинез во белгиската селекција.