69
Причина за одложувањето е фактот што Вардар има дури осум репрезентативци во националните селекции плус Ерменците, Барсегјан и Хамбарџумјан кои до среда ќе бидат со својата селекција.
Поради тоа Вардар побара одложување на мечот, а ФФМ го прифати нивното барање.
Во четврток со почеток од 15 часот ќе се одиграат останатите четири натпревари од 25 коло:
Работнички – Академија Пандев
Силекс – Победа
Скопје – Шкендија
Ренова – Шкупи