Гонзало Игуаин се
врати на тренинзите во Милан, со тоа аргентинскиот напаѓач е во можност да му
се спротистави на неговиот клуб, од каде е на позајмица, Јувентус, на дербито
во Серија А предвидено да се одигра во недела.
Напаѓачот се
повреди на дуелот со Удинезе претходниот викенд и го пропушти мечот со Бетис (1-1)
во Лига Европа, иако неговиот настап против Бјанконерите беше под знак
прашалник, извесно е дека ќе биде во комбинација.
Росонерите се
соочуваат со криза со повредени фудбалери, на вон комбинација за се Биља,
Калдара и Бонавентура, а Калабриа, Мусакио, Чалханоглу и Кутроне се неизвесни.
Ова секако се
добри вести за шефот на стручниот штаб на Милан, Џенаро Гатузо, откако SportMediaSet
потврди дека Аргентинецот денес
тренирал со екипата, а тој ќе има можност за прв пат да ги одмери силите со Јувентус
во дресот на Милан по позајмицата изминатото лето.