„Одигравме израмнет натпревар, но немавме среќа против големите имиња на Македонија“

by Стефан
1 минути читање

Македонија оствари важна победа на гостувањето против Казахстан, а селекторот на оваа домаќините, Али Алијев смета дека неговата селекција денес немала и среќа.

Казахстан имаше свои шанси, двапати ја погоди стативата од голот на Димитриевски, еднаш и пречката, но на крајот ние бевме тие кои се радувавме.

„Македонија има квалитетни играчи како Бојан Миовски во Џирона, Ељиф Елмас од Торино, потоа Александар Трајковски. Ние имавме израмнет натпревар со тие имиња. Бевме сложни на теренот. Ние ветивме дека ќе играме максимално за нашата земја и за нашите навивачи и успеавме во тоа. За жал, среќата не беше на нашата страна. Ама креиравме шанси. Мислам дека сите кои го следеа мечот, се задоволни од нас и од нашето издание. Уште еднаш, благодарност до сите кои ни дадоа поддршка во Астана“, изјави Алијев по средбата.

Македонија сега има осум бода по четири кола и е на првото место во групата каде што ќе останеме барем до вечерашниот натпрева на Велс и Белгија. Зад нас следат Велшаните со седум бода, Казахстан има три, Белгија е на еден но со само еден одигран натпревар и Лихтенштајн последен без бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани