60
Тотенхем го
претекна Челси на табелата откако попладнево триумфираше со 3-1. Одбраната на
„Сините“ како да заборави да се појави на Вембли, па „Спарси“ лесно стигнаа до
триумф.
Али го отвори
резултатот во 8. минута, а во 16. минута веќе беше 2-0. Кејн шутна од далечна,
Кепа не се ни помрда и само беше гледач повеќе.
На стартот од
вториот дел Сон зголеми на 3-0. Фудбалерот од Јужна Кореа тргна од својата
половина, како брз воз го претрча Жоржињо, а потоа го испрати и Луиз во публика
и прецизно биеше за 3-0.
До крајот на
мечот, Жиру постигна само почесен гол за Челси и ги постави конечните 3-1.