Вотфорд е еден од
најголемите противници на идејата за ре-старт на Премиерлигата, „стршлените“
преферираат сезоната да биде поништена, да нема испаѓање и на тој начин тие да
се спасат од преселба во ранг подолу.
Капитенот Трој
Дини одбива да се врати на тренинг, а поддршка доби од уште неколку други
играчи откако првата рунда тестови покажаа тројца позитивни случаи во Ватфорд,
односно фудбалерот Адријан Марипа и уште двајца членови на персоналот.
Потоа беше
потврдено дека уште двајца членови се во само-изолација откако биле во контакт
со луѓе кои се позитивни на Ковид 19, а тренерот Најџел Пирсон во петокот се
пожали дека ваквиот развој на настаните ги компликува подготовките за
продолжението од сезоната.
Кристијан
Кабаселе сега реши да си тера мајтап и на Твитер напиша: „Да ви ја објаснам
нашата тактика, секој недела некој намерно ќе се зарази со коронавирус. На овој начин ќе се осигураме дека нема да
играме повеќе оваа сезона и ќе се спасиме од испаѓање“.
Постот на дефанзивецот
беше одговор на еден навивач, кој обвини дека Вотфорд игра валкано и прави се
што може за на зелена маса да остане во Премиерлигата, наместо за својот статус во
елитата да се избори на терен.
So let me explain our tactic : we are doing one injection of #covid19 once a week. We draw the player/membre of staff who get it like this we are sur that we never play again and avoid relegation #watfordfc https://t.co/FdfMF4vqoB
— Christian Kabasele (@chriskabasele27) May 23, 2020