Од Вардар му се заблагодарија на Николов и му посакаа среќа во новиот клуб

by
1 минути читање

26 годишниот македонски
репрезентативец и доскорашен член на Вардар, Бобан Николов својата кариера ја
продолжува во унгарски Видеотон, откако преговорите помеѓу двата клуба во
изминатите неколку денови вродија со плод.

Вардар ја прифати
понудата за својот фудбалер, а воедно му се заблагодари на досегашната
соработка и му посака среќа во новиот клуб.

Фудбалскиот
клуб Вардар му посакува на Николов многу среќа во новиот клуб, и воедно му се
заблагодарува за својот придонес во изминатите две и пол години, колку што мина
во таборот на „црвено-црните“. Благодариме за освоените две последни титули, и
за меѓународниот историски успех во кој што и самиот Николов даде свој „белег“
постигнувајќи голови против Малме на двата натпревари во првото квалификациско
коло од Лигата на шампионите, што донесоа пласман во следната рунда во
најелитното европско натпреварување
“ стои
во објавата на македонскиот фудбалски првак.

Извор/Фото:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани