Од УЕФА го одбија предлогот на Израел за нивна организација на Европското со навивачи на трибините

by
1 минути читање

УЕФА ја одби
понудата од страна на Израел, за оваа земја да биде организатор на претстојното
Европско првенство кое поради пандемијата со коронавирусот наместо лани, ќе се
одржи на лето, а истото ќе биде одиграно низ 12 европски градови.

Сепоизвесно е дека навивачи нема да има на
трибините од европскиот турнир, иако постои надеж за тоа да се промени, меѓутоа
истата е минимална, а Израел, кој е лидер на глобално ниво во поглед на
вакцинацијата за заштита од коронавирусот се наведе како добра солуција на
прашањето со навивачите.

Од Израел
понудиле да бидат користени три нивни стадиони, а со можност и за присуство на
публика на натпреварите, а освен за Европското, од таму понудиле и да бидат
домаќини на завршницата од Лигата на шампионите, како и Лига Европа, но сите
нивни предлози се одбиени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×