Француски „Л’Екип“ излезе со шокантни тврдења дека
функционер на Црвена звезда сакал да уплати цели 5 милиони евра на облог од
кого очекувал српскиот првак да загуби пет гола разлика на гостувањето кај ПСЖ
во Лигата на шампионите, што и се случи (6-1).
Угледниот медиум
во веста додаде дека УЕФА ги известила француските надлежни органи барајќи
истрага поради сомнителни активности пред мечот во Париз, а со свои реакции по
овие шпекулации се одзваа и обата клуба.
„Црвена звезда со
голема доза на неверување ги отфрла пишувањата на францускиот медиум „Л’Екип“ поврзани за сомневањата во исходот
од резултатот од мечот помеѓу Париз Сент Жермен – Црвена звезда, и вмешаност на
било кого од ФК Црвена звезда во евентуални нечесни активности“ стои во
соопштението на белградскиот клуб, од таму додаваат дека очекуваат истрагата да биде завршена во што е можно побрз рок за да се расчистат сите дилеми, а со реакции во јавноста се одзваа и од
францускиот првак кои тврдат дека немало никакви други разговори со српскиот
клуб освен оние кои биле поврзани за организацијата на мечот во Париз.
„Со чудење и
огорченост ја примаме оваа информација, ниту во еден момент, никој од членовите
на клубот немал никакви разговори освен оние стандардни поврзани за
организацијата на натпреварот, состаноци по тој повод, посети и разни
протоколарни работи за натпреварот. Во оваа прилика, ПСЖ потсетува на својата
посветеност за основните принципи на спортот, интегритетот на натпреварувањето
и одбивање на било какви активности кои би можеле да го доведат во прашање тој
интегритет“ велат од таму.