Иако првичните
информации од Островот пред стартот на сезоната говореа дека тамошните власти
ќе дозволат враќање на публиката на стадионите за фудбалските натпревари,
сепак, ова прашање се уште не е решено, а дополнително растат и случаите со
коронавирус.
Како и да е,
клубовите претрпеа огромна финансиска загуба поради фактот што не се во можност
да продаваат влезници на навивачите, па сега високи челници од Премиерлигата во
овторено писмо до премиерот Борис Џонсон и општо властите во таа земја да го
стават фудбалот на исто мерило како и другите настани на кои веќе им е
дозволено присуство на гледачи во редуцирана бројка со посебни протоколи.
„Ние ќе
продолжиме со поттикнувањата до Владата за таа да ни дозволи враќање на
навивачите на стадионите по безбеден пат“ стои во дел од писмото потпишано
од страна на Ричард Мастерс, извршниот директор на Премиерлигата, Дејвид
Болдвин, кој ја обавува истата функција во Чемпионшип дивизијата, но и останати
високи челници на првенството.
„Позитивен чекор
напред е фактот што се дозволени настани од културата со социјална дистанца
помеѓу присутните и останати мерки како заштита од коронавирусот, сега е на ред
фудбалот, да му се дозволи истото“ се додава во писмото.
„Сите сме свесни
за ситуацијата, бараме од Владата конзистентност во политиката, спортот да се
третира фер и коректно во однос на останатите на кои веќе им е дозволено
присуство на гледачи“ стои во барањето до властите.
Како за потсетување, во рамките на подготовките за новата сезона од Премиерлигата, Брајтон и Челси одиграа контролен меч на кој за прв пат по цели шест месеци имаше присуство на навивачи, односно 2,500 под посебни протоколи и мерки (види фото), а „тестот“ помина и повеќе од успешен, меѓутоа ова прашање и натаму заглави кај тамошните власти.