Од ова зависи и неговата иднина, Меси за првпат излезе да гласа за нов претседател (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона денеска избира нов претседател, изборите се многу важни за иднината на Лео Меси но и клубот, кој е во тешка финасиска криза поради пандемијата на ковид-19. Што се однесува од Аргентинецот, тој ги одработува последните месеци од договорот и во зависност од проектот што ќе му го понуди новиот претседател ќе одлучи дали ќе остане или ќе замине.

За тоа колку се важни изборите говори и фактот што Лео Mеси за прв пат излезе да гласа, напаѓачот попладнево се појави на Камп Ноу заедно со совјот син Тиаго.

Правото на глас го искористија уште неколку фудбалери како Жорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Рики Пуч.

Жоан Лапорта е главен фаворит и се верува дека тој може да го убеди Лео Меси да продолжи на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани