Од Манчестер Сити
тврдат дека не доставиле никаква понуда до првата ѕвезда на Барселона, Лионел
Меси, кој на лето доколку ништо не се промени околу неговиот статус би можел да
биде слободен играч на трансфер пазарот, а освен „Граѓаните“, се споменува и
ПСЖ.
Се шпекулираше
дека Манчестер Сити веќе повлекол чекор во однос на ситуацијата со Меси, до
кого испратил и понуда, меѓутоа првиот човек за односи со јавност во
Премиерлигашот за специјализираниот фудбалски портал „Гол“ тврди дека тие
шпекулации не се вистинити, додава дека не постојат никакви преговори во овие
моменти.
Доколку се
остварат најавите Меси да се пресели во редовите на Манчестер Сити, тоа ќе биде
реобнова на соработката помеѓу него и Пеп Гвардиола, а секако дека не се
исклучува ниту ПСЖ во трката за неговиот потпис, каде би можел повторно да му
биде соиграч на неговиот близок пријател Нејмар.