Од Хановер објавија дека имаат фудбалер со коронавирус, посочија и детали како тој се заразил

by
2 минути читање

Дефанзивецот на
второлигашот од Германија, Хановер 96, 23 годишниот Тимо Хуберс е тестиран
позитивен на коронавирусот, клубот и официјално потврди, по што Хуберс е првиот
професионален фудбалер во Германија заболен од вирусот.

Германскиот
фудбалер е сместен во карантин додека неговите соиграчи ги продолжуваат
подготовките за следниот меч на програмата од второлигашката конкуренција во
Германија, против Динамо Дрезден во недела.

Според
информациите, фудбалерот најверојатно се заразил на еден настан во саботата
навечер, првично дознал дека со некое од лицата кое бил таа вечер истиот бил
тестиран позитивен на коронавирусот, по што веднаш се сместил во самоизолација
и телефонски контактирал со доктор.

Во соопштението
кое Хановер го објави, се вели дека од тогаш, Хуберс немал никаков контакт со
своите соиграчи од тимот, а од германскиот клуб и покрај таквите информации
наведе дека ќе реагира одговорно.

Се претпоставува
дека Хуберс се заразил за време на еден настан во Хилдешеим во саботата
навечер, од тогаш па наваму, 23 годишниот Хуберс немал никаков контакт со
своите соиграчи, што може и прецизно да биде локализирано, не може да се
претпоставува дека неговите соиграчи се заразени од него, како и да е, ние ќе
реагираме одговорно, целиот состав, стручен штаб и останатите во клубот ќе
бидат подложни на тестови за вирусот како мерка на претпазливост
“ стои во
соопштението на Хановер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани