172
На Ибра му беше потребен гол за да собори два рекорди, но не само што тоа не се случи, туку Милан го загуби натпреварот на кој влезе како голем фаворит.
Специја го надигра Милан и сосема заслужено ги освои трите бода.
Резултатот го отвори Маџиоре во 56. минута, а конечните 2-0 ги постави Бастони со прекрасен гол од далечина во 67. минута.
Ако утре Интер го добие дербито против Лацио ќе го симне Милан од врвот во Серија А.