167
Пеп Гвардиола дополнително го стресе столчето на Френк Лампард, Челси одигра уште еден лош меч и забележа нов неуспех.
Манчестер Сити натпреварот го реши уште во првото полувреме кога ги постигна сите три гола.
Серијата погодоци ја отвори Гундоган во 18. минута, а три минути подоцна Фоден зголеми на 2-0, третиот гол на Сити беше дело на Де Брајне.
Во продолжението од мечот Манчестер Сити промаши уште неколку големи шанси да ја зголеми предноста, а Челси не успеваше да го загрози гостинскиот гол.
Кога се беше решено, во судиското продолжение, Хадсон Одои постигна гол за конечни 1-3.