Објавени фотографии и снимки од скандалот со ескорт девојки во Италија, екс-ѕвезда на Милан бил главниот организатор (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Скандалот што изминатиов период ја тресе италијанската фудбалска сцена добива ново продолжение, откако во јавноста се појавија снимки од контроверзните забави на кои наводно присуствувале познати фудбалери заедно со ескорт девојки.

Според најновите информации од италијанските медиуми, една од клучните фигури во организацијата на овие собири бил францускиот репрезентативец Тео Ернандез, во периодот кога настапуваше за Милан. Левиот бек го носеше дресот на „росонерите“ од 2019 до 2025 година, а зад себе остави значаен учинок со 262 настапи, 34 голови и 45 асистенции.

Во извештаите се посочува дека на забавите често биле присутни и Хакан Чалханоглу, Брахим Дијаз, Самуел Кастиљехо, Џанлуиџи Донарума и Сандро Тонали. Рафаел Леао, според истите извори, се појавувал поретко, додека Златан Ибрахимовиќ наводно присуствувал само еднаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×