Дисциплинската
комисија при ЛФП денеска ќе го разгледува кошкањето помеѓу Нејмар и Алваро
Гонзалез на дербито помеѓу ПСЖ и Марсеј. Дефанзивецот на Марсеј наводно упатил
расистички навреди на адреса на напаѓачот, додека пак Бразилецот е на тапет за
хомофобија.
Сепак, Нејмар
може да има дополнителни проблеми бидејќи и тој користиле расистички навреди.
Во еден друг
инцидент, фудбалерот на ПСЖ е во дуел со Јапонецот Хироки Сакаи, и го нарекува
„кинеско го*но“.
Кадена СЕР ја
објави спорната снимка, и кои зборови ги употребува Нејмар според она што го тврдат
експерите за читање од уста. Дали ова ќе биде доволно за драконска казна од 10
натпревари суспензија, останува да се види.
EXCLUSIVA @ElLarguero
@La_SER accede al vídeo que demuestra que Neymar insultó a Hiroki Sakai en el PSG – Olympique de Marsella del pasado 13 de septiembre
Neymar llamó “chino de mierda” a Sakai y dijo también “puta liga”https://t.co/gkkkUhvp3X pic.twitter.com/p2uCSnmOBg
— El Larguero (@ellarguero) September 29, 2020