62
Челси издвојува
победа од 0-1 над Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на
шампиони. Стрелец на погодокот беше Оливие Жиру, кој атрактивно со „ножички“ ја
затресе мрежата на Облак.
Во прв момент славјето
беше прекинато откако помошникот го крена знаменцето и сигнализираше офсајд. Потоа на сцена
стапи ВАР и откако ситуацијата се прегледуваше неколку минути, главниот судија
покажа на центарот.
Причина за
ваквата одлука е тоа што топката дојде до Жиру преку Ермосо, и дефанзивецот на Атлетико
имаше намера да игра со топката па нема офсајд.