89
Овој пат проблемите се однесуваат на суптилен маркетинг кој го направи Обамејанг на дуелот со Леверкузен на кој Борусија победи со 6-2.
Обамејанг промовираше нова фризура, дел од неа беше и знакот на Најк обоен со розева боја. Фудбалерот тоа го направил со договор на спортскиот бренд кој е негов спонзор.
Но тоа не им се допадна на челниците на Дортмунд бидејќи нив не само што ги спонзорира Пума, туку тие имаат и удел во сопственичката структура.
„Ако мојата интерпретација е точна, ова било идеја на неговиот спнзор. Се надевам дека нема да му се повтори вакво нешто, а секако дека и лично ќе разговарам со него“ – изјави спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.