Ново име во Вардар: Пристигна фудбалер на Брера

by Стефан
1 минути читање

Црвено-црните продолжуваат со креирање на ростерот за новата сезона, а најново име во тимот е нигерискиот офанзивец Ибрахим Олаосебикан, кој во Вардар доаѓа од редовите на Брера.

25-годишниот фудбалер за врска веќе две сезони е дел од македонскиот фудбалски шампионат, а во последната сезона забележа 28 настапи, еден постигнат гол и четири асистенции во првенството. Покрај тоа, одигра и пет меча во Купот на Македонија, каде што успеа уште еднаш да се запише меѓу стрелците.

Олаосебикан претходно настапуваше и во Литванија, носејќи ги дресовите на Судува и Хегелман, додека своите први фудбалски чекори ги направи во татковината, во клубот Реал Сафире.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×