Новинарката се насмеа, а Милер збесна: Што ви е смешно толку? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен не
успеа да ја оправда фаворитската улога на дуелот со Холштен Кил и загуби по
изведувањето на пенали во 16 финалето од германскиот Куп, а на два пати
составот на Ханси Флик имаше водство во регуларниот дел од мечот.

Дека овој пораз
сериозно ги погоди „Баварците“, доволно говори и реакцијата на Томас Милер по
мечот со второлигашот, видно вознемирен откако ја виде насмевката на лицето на
новинарката Валеска Хомбург која го праша какво е расположението во тимот по
овој пораз.

Вие што мислите,
каква е атмосферата? Што? Што ви е смешно толку?
“ одговори налутено Милер
додека новинарката се правдаше дека не се смеела на прашањето.

Секако дека се
смеете, како би се чувствувале по ова? Секако дека сме лути, тоа можете и да го
претпоставите, атмосферата не е баш добра…
“ додаде Милер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×