„Спарси“ утре го
пречекуваат Челси во четвртото коло од Лига Купот, а два дена подоцна играат
против Макаби Хаифа во плеј-офот од Лига Европа, па Жозе Мурињо вели дека Тотнем
мора да се откаже од едното натпреварување.
„Што ќе направите
доколку сте на мое место? Би сакал да се борам за Лига Купот но мислам дека не
можеме. Имаме натпревар во четврток кој можеби не ни дава толку многу пари како
Лигата на шампиони, но групната фаза од Лига Европа обезбедува значајна сума на
пари за клуб како нас, па натпреварот во четврток е многу важен“ – вели „специјалниот“.
Една новинарка му
сугерираше дека Тотнем може да го победи Челси доколку во предвид се земе колку
добро „спарси“ играле против Њукасл и колку „сините“ лошо одиграле, особено во
првото полувреме, против ВБА.
„Сериозна си или
се шегуваше?“ – одговори Мурињо. „Челси играше во сабота, недела и понеделник
се слободни, играат во вторник, и потоа играат дури за викендот. Имаат фантастичен
состав па доколку нивниот тренер реши да не ротира, може да игра со кои играчи
сака“.
„Како што знаете,
ние игравме минатиот четврток, потоа во неделата, сега играме во вторник, па во
четврток па во недела повторно“.
„Повредата на Сон
е само прва, сигурен сум дека ќе има уште многу“.
Jose Mourinho was just asked if Chelsea’s underwhelming performance vs WBA will encourage Spurs to try and beat them in the Carabao Cup.
Jose: Are you joking, or are you being serious? #COYS pic.twitter.com/5V7UWpHWFj
— CaughtOffside (@caughtoffside) September 28, 2020