Нови проблеми за Ливерпул, заврши сезоната и за Џордан Хендерсон?!

by
1 минути читање

Нови проблеми за Ливерпул и Јирген Клоп, Џордан Хендерсон би можел да паузира и до три месеци, што значи крај на сезоната.

Капитенот на „црвените“ на дербито со Евертон помина поливина час на теренот и мораше да биде повлечен од игра, а лекарскиот тим на Ливерпул верува дека се работи за сериозна повреда на препоните. 

Весникот Сан пренесува дека сега се чекаат резултатите од последните тестови и доколку Англичанецот треба да замине на операција, тоа ќе значи пауза од 12 недели.

Според пишувањата на Атлетик, Џордан Хендерсон ќе паузира барем два месеци и ќе се врати на терените кон крајот на април.

Јирген Клоп веќе има многу проблеми, мака мачи со одбраната откако се повредија Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, а Џордан Хендерсон често играше во дефанзивата и покриваше за отсуството на тројцата стопери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани