Играчите на
Лестер се прилично тивки откако управата на клубот на големо изненадување во
четвртокот одлучи да му врачи отказ на Клаудио Раниери.
Прв денеска се
огласи голманот Каспер Шмајхел, а сега двајца нови играчи испратија порака.
„Едно големо
благодарам за се што помогна да постигнеме како тим… и јас лично! Сакам да ти
посакам се најдобро во иднина. Незаборавни спомени! Благодарам” – напиша Дени Дринквотер на
Инстаграм.
На социјалните
мрежи се огласи и Ријад Махрез кој напиша: „Голема почит за одличниот човек кој
ни помогна да испишеме историја. Ми помогна да се изградам како играч и ми ја
даде храброста која ми беше потребна. Веруваше во мене од првиот ден. Ти
благодарам многу за се. Господ нека те благослови”.