Весникот Ел Мундо
објави детали од прислушкувани разговори кои се направени во големата операција
„Оикос“ за сузбивање на група која местела натпревари во Шпанија.
Карлос Аранда во
еден телефонски разговор кажува дека дури седум играчи се купени и го советува
лицето да вложи 10.000 евра. Во друг разговор пак објаснува како е договорено
Валенсија да победи и во прво и во второ полувреме.
Новинарот на Ел
Мундо, Естебан Уреизтиета, кој имал прилика да ги види сите докази со кои
располага полицијата, сега во разговор со Марка открива дека на местачите им се стемнило кога
дознале што подготвува Хетафе.
Организаторот на
местенката, Раул Браво бил нервозен и веднаш отпатувал за Ваљадолид кога дознал
дека Хетафе нуди 2 милиони евра за Ваљадолид да ја победи Валенсија.
Хетафе за да
имаше шанси за четвртото место на табелата и влез во Лигата на шампионите,
мораше да се надева на кикс на Валенсија.